- Посети: 196
IV Денови на архитектурата во Црна Гора
Комората на архитекти и планери на Црна Гора и Инженерската комора на Црна Гора ги организираат четвртите Денови на архитектурата во Црна Гора со официјална тема: ПОВЕЌЕ ЗА ПОМАЛКУ, во периодот од 14 до 16 ноември во Музичкиот центар на Црна Гора во Подгорица.
Коорганизатори и партнери на настанот се: Архитектонскиот факултет во Подгорица, Сојузот на архитекти на Црна Гора, главниот град Подгорица и ИТА - Италијанската агенција за надворешна трговија.
„ MORE FOR LESS “ го поставува прашањето како архитектурата можеда генерира квалитет - просторен, материјален, културен и социјален - преку промислено и рационално користење на ресурсите. Во современиот контекст на климатските предизвици и ограничените просторни капацитети, овој концепт ги преиспитува шемите на архитектурата засновани на спектакл и монументално претставување.