Информатор за активности на Комората

×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

Втора Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти

Pin It

Втора Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти

По успешно организираните стручна дискусија на тема Регулирање на градењето во градски јадра прогласени за споменички целини во 2021 година и  Првата Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти во 2022 година, Одделението на архитекти и Одделението на архитекти урбанисти оваа година ја организираат Втората Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти. Средбата ќе се одржи во Офицерскиот дом во Битола, на 01. декември (петок) и 02. декември (сабота), 2023 година. 

 

Темата околу која ќе гравитираат презентациите и панел-дискусиите на Втората Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти е актуелна во контекстот во кој дејствуваме денес. Истата носи наслов „Архитектот де факто, визави Архитектот де јуре“.

На настанот покрај присуство на архитекти и архитекти урбанисти од целата држава, како и општествениот естаблишмент, своето присуство го потврдија и гости од регионот и Европа.

За таа цел, во деновите што претстојат ќе бидат објавени дел од говорниците и панелистите што ќе земат учество на настанот.