Почитувани членови на Комората,
Согласно:
- Одлуката од Собранието на Комората на овластени архитекти и овластени инженери од 22.02.2025 година, за распишување на избори во КОАИ за мандатниот период од 2025-2029 година, како и
- Одлуката на УО на КОАИ донесена на 06.03.2025 година, односно на 07.03.2025 година, за термин планот и распоредот на делегати по одделенија и региони,
- УПАТСТВОТО за избор на претставници на одделенијата во Собранието на КОАИ, раководител и заменик раководител на професионалните одделенија во Комората, Претседавач и Заменик претседавач на Собранието на Комората и претседател и членови на Надзорниот одбор на Комората од 22.02.2025 година.
Врз база на добиениот пресек од службите на комората направен на 6.03.2025 година, потпишан како работен материјал од сите членови на ЦИК, распишан е повик за номинација на кандидати за Собрание на КОАИ 10(12).03.2025 година.
После разгледувањето на сите добиени номинации од страна на сите членовина ЦИК, на заеднички состанок одржан на 21.03.2025 година, со цел да се добие прочистена листа до 24.03.2025 година, што е и 10 дена до предвиденото гласање согласно термин планот на 02.04.2025 година, установено е дека одреден број на номинирани кандидати не ги исполнуваат условите од Упатството.
На 24.03.2025 година, беше објавена прелиминарната листа на прифатени и одбиени номинаци, и беше дадена можност на секој одбиен кандидат да добие увид за причината за негово одбивање.
Поради големиот број на забелешки околу припадноста на регионот и матичноста на кандидатите и нивните предлагачи, а со цел да се расчистат истите, сѐ уште не е објавена конечната листа на прифатени номинации, што подразбира и донесување на предлог-одлука од страна на ЦИК за пролонгирање на изборниот процес се до конечно ажурирање на Регистарот на активни членови на КОАИ и отстранување на воочените аномалии во Упатството.
Со конечното ажурирање на Регистарот на активни членови на КОАИ и отстранувањето на аномалиите во Упатството, ќе се создадат услови да се продолжи со изборниот процес и тоа со изменет термин план и нов повик за номинации за кандидати во Собранието на КОАИ.
Дополнителните активности за изборниот процес и сите активности околу истиот ќе ви бидат пратени на вашите меил адреси и ќе бидат објавени на веб страницата на КОАИ.
Со почит,
Централна изборна Комисија