Салонот на урбанизмот е традиционална манифестација која се одржува еднаш годишно во Република Србија. Здружението на урбанисти на Србија прави осврт на најзначајните достигнувања од областа на просторното и урбанистичкото планирање, проектирање и реализација. Покрај учесниците на салонот од територијата на Република Србија, можат учествуваат архитекти и урбанисти од странство, вклучувајќи ја и Република Македонија.
Овогодинешниот Салон, 34 по ред, ќе се одржи од 7 до 12 Ноември во Културниот центар во Зрењанин.
Покрај стандардните категории на урбанистичкото планирање (просторни, генерални, детални урбанистички планови), може да се учествува и со истражувачки студии, публикации, неостварени урбанистички идеи и студентски трудови.
Рокот на пријавување е 3 Октомври 2025 година, а рокот за доставување на трудовите е 17 Октомври 2025 година. Повеќе информации во однос на пропозициите, составот на жири-комисијата и потребната котизација можете да добиете на facebook страницата на организаторот на следниов линк.
или на официјалната web страница: http://www.uus.org.rs/