Почитувани членови на КОАИ,
Ве потсетуваме дека согласно ажурираниот Термин-план за спроведување на Изборите 2025-2029 во Комората, Централната Изборна Комисија објави:
- Повик за кандидирање Претседател и Потпретседател на Комората - Рок за достава на кандидатури е 1.9.2025 година* и
- Повик за кандидирање Раководител и заменик Раководител на професионални одделенија (преземи Формулар за раководител 1 - Преземи Формулар за раководител 2 - мали одделенија) - Рок за достава на кандидатури е 1.9.2025 година*.
*Се известуваат членовите дека рокот за достава на кандидатури со емаил порака пратена на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. се прифатливи до 1.9.2025 година до 24:00 часот, додека достава во хартиена форма во архивата на Комората се прифаќаат до крајот на работниот ден, односно до 1.9.2025 година до 16:00 часот.
Со почит,
Централна изборна комисија
Председател,
Д-р Анастасија Трајковска