На 25 септември 2025 година, Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Северна Македонија (Комора ОАИ) и Комората на вештаци на Република Северна Македонија потпишаа Меморандум за меѓусебна соработка. Документот беше потпишан од претседателите м-р Кристинка Чулак (Комора ОАИ) и проф. др. Виктор Камнар (Комора на вештаци). Целта е унапредување на коморското работење преку координација, размена на знаења и заеднички активности од заеднички интерес.
Клучните точки на соработката вклучуваат:
- континуирана координација меѓу стручните тимови при изготвување предлог-документи и мерки;
- организација на апликативни проекти и размена на информации и најдобри практики;
- едукативни активности и курсеви за членовите на двете комори;
- формирање експертски тимови за предлози на законски и подзаконски решенија;
- учество и организација на научни и професионални настани;
- можност за меѓусебно користење просторни капацитети во ограничен обем.
Овој меморандум ја поставува рамката за долгорочна и продуктивна соработка, насочена кон професионален развој и повисоки стандарди во јавен интерес.
Фотогалерија: