Во просториите на Министерството за транспорт се одржа работна средба помеѓу заменик-премиер и Министер за транспорт Александар Николоски и Претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери Дејан Метикош.
На состанокот се дискутираше за низа значајни теми од заеднички интерес, со посебен фокус на подобрување на законската регулатива од областа на градењето, унапредување на нормативните решенија и воведување поефикасни процедури во сите фази на планирање и реализација на градежништвото.
Дополнително, беше разгледана можноста за засилување на институционалната соработка помеѓу Министерството за транспорт и Комората, со цел подобрување на координацијата во административните процеси и создавање услови за поквалитетни услуги и повисоки стандарди во градежниот сектор.
На средбата беше истакната заедничката определба за продолжување на дијалогот и заедничко дејствување во насока на транспарентни, модерни и функционални решенија во интерес на инженерската заедница и граѓаните.






