
Комората на овластени архитекти и овластени инженери, традиционално од 2013 година, доделува годишни награди како израз на благодарност, почит и препознавање за професионалните достигнувања на своите активни членови.
Согласно новата Одлука на Управниот Одбор на Комората, од оваа година ќе се доделуваат пет именувани награди, со што се обезбедува порамномерна застапеност на сите одделенија и се поттикнува активноста на членството.
Наградите носат имиња по доајени препознаени во своите области на делување:
- Проф. д-р Борис Чипан, дипл.инж.арх.
- Проф. д-р Александар – Цане Ангелов, дипл.град.инж.
- Проф. д-р Илија Черепналковски, дипл.маш.инж.
- Проф. д-р Станимир Јовановски, дипл.ел.инж.
- Проф. д-р Миле Димитровски, дипл.маш.инж. – новата 5-та награда е воведена за да ги опфати и одделенијата со помал број членови.
Наградите имаат цел да ја поттикнат јавната афирмација на трајните вредности кои произлегуваат од делата и мислите на архитектите и инженерите, промовирајќи ја општествената улога на професијата и вреднувајќи ги нејзините достигнувања.
Критериуми за Номинација
За номинација, кандидатите треба да ги исполнуваат следниве критериуми:
- Да се докажани инженери, почитувани во стручната фела, припадници на соодветно матично одделение според именуваните награди.
- Да се активни членови на Комората во моментот на номинација.
- Да се струково активни во својата дејност во годината во која се кандидирани.
- Да не се членови на моменталниот состав на раководните тела и органи на Комората.
- Да достават до три најзначајни инженерски достигнувања во изминатите пет години.
- Номинацијата не може да биде самостојна – кандидатот треба да биде номиниран од друго лице.
Рок и Начин на Номинација
Рок за доставување номинации: 3 декември 2025 година.
Номинациите, заедно со потребната документација (кратка биографија и краток опис и графички додаток на најмногу три референци), треба да се испратат на е-маил адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Повикот за номинации се испраќа електронски до сите активни инженери од соодветните одделенија и се објавува на веб страната на Комората.
Документи за преземање:






