Претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, м-р Дејан Метикош оствари продуктивна средба со Деканот на Градежниот факултет, проф. д-р Јосиф Јосифовски.
На средбата се разговараше за продлабочување на соработката меѓу професијата и академијата. Двете страни ја истакнаа потребата од современи образовни програми, поголема вклученост на студентите во практични активности и заеднички иницијативи за поддршка на младите инженери. Средбата заврши со договор за конкретни чекори кои ќе придонесат за унапредување на стручниот кадар и инженерската практика во земјата.






