Во просториите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ) со поддршка на Одделението на сообраќајни инженери се одржа работилница во организација на Секторот за сообраќајни работи при Министерството завнатрешни работи. Работилница беше посветена кон разгледување на предлог текстот на нацрт Правилник за времен режим на сообраќај.
На работилницата активно учество имаа претставници Министерството за транспорт, на Јавното претпријатие за државни патишта, Град Скопје, инспекциски служби, проекантски друштва, надзорни инженери, како и изведувачи и производители на сообраќајна сигнализација и сообраќајна опрема, кои преку дискусија и конкретни предлози придонесоа кон унапредување на решенијата во нацрт документот.
Фокусот беше ставен на содржината на нацрт-текстот и на можноста преку стручни забелешки и практични искуства да се придонесе кон донесување на подобар, појасен и применлив правилник.
Донесувањето на овој правилник претставува заеднички чекор кон унапредување на безбедноста во сообраќајот и воспоставување повисоки стандарди при изведба на работи на пат. Со јасни правила и доследна примена на мерките, директно придонесуваме за намалување на ризиците и сообраќајните незгоди, како и за подобра заштита на сите учесници во сообраќајот и работниците на терен.






