
Како резултат на продлабочувањето на соработката помеѓу Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ) и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), на 15.4.2026 година беше потпишан Меморандум за соработка, во присуство на претставници од двете институции. Комората ја претставуваа претседателот м-р Дејан Метикош, раководителот на Одделението на електротехника Мицко Чадиноски и заменик претседател на надзорен одбор Владимир Јованов, додека од страна на ФЕИТ присуствуваа деканот проф. д-р Владимир Атанасовски и продеканите проф. д-р Живко Коколански и д-р Димитар Димитров.
• Размена на знаења: Континуирана размена на стручни знаења и искуства помеѓу професионалците и едукаторите.
• Професионален развој: Заедничка организација на обуки и семинари насочени кон постојано усовршување на кадарот.
• Поддршка за младите: Посебен фокус на поддршка на младите инженери во нивниот процес на професионално изградување.
Преку овој чин, двете институции ја потврдуваат својата заложба дека само со заедничка работа и синергија може да се подигне квалитетот на инженерството во Македонија. Овој чекор се очекува да донесе долгорочни придобивки за целата инженерска заедница, поттикнувајќи повисоки професионални стандарди и иновации во секторот.






