Континуирана професионална едукација

×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

Вебинар „Вовед во БИМ“

Едукација
Датум: 02 Мар 2023 10:00

Локација: On-line

Почитувани членови на Комората,

Ве покануваме да се приклучите на вебинарот „Вовед во БИМ“ – првиот од низата активности на Smart Solutions -  авторизиран партнер на Autodesk во Македонија заедно со Комората на овластени архитекти и овластени инженери, а со цел запознавање на членовите со БИМ алатките и методите на работа во БИМ. Во ова воведно предавање ќе започнеме од основите и ќе зборуваме за тоа што е БИМ, каде и како се користи денес на овие простори. Ќе дадеме преглед на тоа кои алатки ни се нудат денес и како изгледа еден БИМ проект, а ќе започнеме и некои други теми за кои повеќе ќе се дискутира во настаните што следат. Вебинарот е наменет за сите професии вклучени во градежниот процес. Предавањето ќе се одржи на 2 март 2023 година, со почеток во 10:00 часот и ќе се одвива на хрватски јазик преку ZOOM платформата.

- Предавач: Ведран Орешиќ | БИМ Консултант, TD Synnex

Архитект со десетгодишно практично БИМ искуство во многу БИМ проекти од различна големина и сложеност и имплементација на БИМ процесите во многу архитектонски канцеларии. Како БИМ консултант, тој учествува во организацијата и имплементацијата на БИМ проектите и им помага на различни учесници сами да ги совладаат потребните БИМ вештини.

РЕГИСТРИРАЈ СЕ