Локација: Сала на Комора ОАИ
Во рамките на активностите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери со Smart Solutions, авторизиран партнер на Autodesk во Македонија, почестени сме да ве поканиме да ни се придружите на бесплатна Autodesk работилница, третиот настан оваа година во живо од низата BIM активности планирани за оваа година.
Оваа воведна работилница, која што ќе ја води Илија Лошонц од компанијата Cadonia Австралија е наменета за архитекти кои сакаат да се запознаат со основите на Revit Architecture и неговите предности во модерното проектирање. Преку практични примери и демонстрации, учесниците ќе научат како да креираат 3D модели, да ги користат параметрите на елементите и да подготвуваат техничка документација. Работилницата е одлична можност за архитектите кои размислуваат да го вклучат Revit Architecture во нивниот работен процес да се запознаат подетално со него.
Важна напомена: Препорачано е учесниците на работилницата да дојдат со свои лаптоп компјутери, за да бидат во можност паралелно да работат на вежбите заедно со предавачот.
Работилницата ќе се одржи на 27.03.2025 (четврток) во просториите на Комората, со почеток во 09:30 часот.
Агенда на работилницата:
09:30-10:00 - Регистрација и кафе за добредојде
10:00-10:05 - Добредојде од претставници на КОАОИ и Smart Solutions
10:05-10:40 Модул 1: Запознавање со Revit и основни концепти (40 мин.)
• Што е BIM и зошто Revit е стандард во индустријата
• Основи на интерфејсот и работните алатки
Пауза 5 мин.
10:45-11:45 Модул 2: Создавање на основен архитектонски модел (1 час)
• Креирање на нивоа
• Цртање на ѕидови, подови, тавани и покриви
• Користење на Revit фамилии
• Додавање прозорци, врати и други архитектонски елементи
Пауза 20 мин.
12:05-12:50 Модул 3: Работа со пресеци и 3D погледи (45 мин.)
• Создавање и прилагодување на пресеци и фасади
• Навигација низ 3D прикази
Пауза 5 мин.
12:55-13:25 Модул 4: Димензионирање и подготовка на документација (30 мин.)
• Додавање димензии и текстови
• Подготовка на листови за печатење
• Експортирање на цртежи во PDF/DWG
13:25-13:40 - Прашања и дискусија
Предавањето ќе се одржи на македонски јазик.
Предавач: Илија Лошонц - BIM и Проект менаџер во Cadonia Australia, со повеќе од 7 години работно искуство. Како BIM менаџер учествува во организација и следење на процесот за изработка на BIM модел во различни фази на проектот, како и имплементација на BIM стратегии. Веќе 4 години е гостински предавач на Каледониан универзитетот во Глазгов, Шкотска, на предметите за дигитални вештини како што се Revit, AutoCAD, Civil 3D и Infraworks.
Линк за поврзување он-лајн