Локација: Сала на Комора ОАИ
Во рамките на активностите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери со Smart Solutions, авторизиран партнер на Autodesk во Македонија, почестени сме да ве поканиме да ни се придружите на Autodesk предавање, четвртиот настан оваа година во живо од низата BIM активности планирани за оваа година.
Предавањата се насловени „Иднината на BIM е на cloud: Outcome-Based BIM“ и „Од BIM модел до дигитална дозвола за градба преку автоматска проверка според законски норми и openBIM стандарди“.
АИГ индустријата забрзано се префрла на cloud, креирајќи и користејќи онлајн алатки со кои ја подобрува соработката на проекти, ги забрзува и автоматизира процесите и ги подобрува резултатите. Во прилог на овој тренд, Autodesk го престави Outcome-based BIM, нова парадигма за тоа како работиме на проекти која ќе ни ја претстави Трајче Стојанов од ZWEI.
Фокусот на второто предавањето е да се прикаже како постоечките Revit податоци може ефективно да се искористат во процесот на издавање дигитална дозвола за градба, преку автоматска проверка на BIM моделот. Александар Јаневски и Исидора Спирова Маженковска, експерти од Intelligent Network Solutions, ќе демонстрираат чекор по чекор како се врши геореференцирање на Revit модел, негов експорт во .IFC openBIM формат, и потоа автоматска проверка на BIM моделот според неколку правила дефинирани во националниот Закон за градба.
Настанот ќе се одржи на 24.04.2025 (четврток) во просториите на Комората, со почеток во 09:30 часот.
Агенда на настанот:
09:30-10:00 - регистрација и кафе за добредојде
10:00-10:05 - добредојде од претставници на КОАОИ и Smart Solutions
10:05-11:00 - Трајче Стојанов (ZWEI) |„Иднината на BIM е на cloud: Outcome-Based BIM“
11:05-12:00 - Александар Јанески и Исидора Спирова Маженковска (Intelligent Network Solutions) |„Од BIM модел до дигитална дозвола за градба преку автоматска проверка според законски норми и openBIM стандарди“
12:00-12:15 - прашања и одговори
Предавачи:
Трајче Стојанов (ZWEI) - БИМ Консултант и Архитект во ZWEI, Autodesk Certified Instructor во Семос Едукација и истражувач на полето на дигитални градежни дозволи.
Александар Јанески (Intelligent Network Solutions) - BIM & GIS експерт со две години искуство во Intelligent Network Solutions (INS). Тој е вклучен во изработка и валидација на BIM модели со алатки како Revit, ArchiCAD и други, како и во геореференцирање и обработка на податоци од детални урбанистички планови во рамки на GIS проекти. Дополнително, има искуство како демонстратор на предметите Урбанистичко обликување 1 и 2 на Архитектонскиот факултет во Скопје и е едукатор во Семос Едукација, каде што држи курсеви по AutoCAD, SketchUp, Revit и Основи на внатрешен дизајн.
Исидора Спирова Маженковска (Intelligent Network Solutions) - BIM & GIS експерт со седум години професионално искуство, вклучувајќи пет години како freelance BIM техничар на проекти за индивидуално домување во Берген, Норвешка, користејќи Graphisoft ArchiCAD. Од 2023 година е дел од тимот на INS, каде работи на дигитализација на интернационални стандарди за проектирање и градење, како и на развој на BIM проекти користејќи Autodesk Revit, Civil 3D, Graphisoft Archicad, ArcMap и QGIS. Сертифицирана е како BIM техничар и делува и како тренер за Autodesk Revit во Семос Едукација.