Континуирана професионална едукација

×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

Конференцијата на тема: Заштита на објекти од пожар и Претставување на работата на техничкиот комитет ИСРСМ ТК 46

Едукација
Датум: 23 Јун 2025 09:00

Локација: Стопанската комора на Северна Македонија

Имаме особена чест и задоволство да Ве поканиме на првата конференција во организација на Техничкиот комитет ИСРСМ ТК 46 – Заштита на објекти од пожар при Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ), во коорганизација со Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ), Техноинспект ДОО Скопје, Кнауф ДООЕЛ Скопје, Адинг и Стопанската комора на Македонија.

Конференцијата ќе се одржи на тема: „Заштита на објекти од пожар и Претставување на работата на техничкиот комитет ИСРСМ ТК 46“

На настанот, ТК 46 ќе ја претстави својата досегашна работа во областа на заштитата на објекти од пожар. Членовите на комитетот ќе се осврнат на повеќе значајни аспекти од стандардизацијата во оваа област, како и на придонесот што стандардите го имаат во развојот и унапредувањето на системите за противпожарна заштита.

Целта на конференцијата е да ја зајакне свеста кај стручната и пошироката јавност за значењето на примената на стандардите, како и нивната улога во законските и подзаконските акти поврзани со заштитата од пожар, како суштински сегмент во процесот на проектирање и градење.

Настанот ќе се одржи на:

-  23.06.2025

-  09:00

- Стопанската комора на Северна Македонија

Во рамки на настанот, ќе се одржи панел-дискусија на која ќе учествуваат претставници на организации и институции – членки на Техничкиот комитет ИСРСМ ТК 46, како и експерти од областа на заштитата од пожар.

Во дискусијата ќе се обработат значајни аспекти од стандардизацијата во областа на заштитата на објектите од пожар, како и придонесот на техничките стандарди во унапредувањето на  противпожарна заштита во нашата земја.                    

Ве охрабруваме да земете активно учество и да придонесете кон унапредување на безбедноста и стандардизацијата во нашето општество.

Учеснци, предавачи и подржувачи на настанот ќе бидат:

  • Марјан Ристески, Заменик министар за економија и труд
  • Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини
  • Дирекција за заштита и спасување
  • Г-ѓа Душица Перишиќ, Извршен директор на ЗЕЛС и
  • Проф. д-р Мери Цветковска, Претседател на ТК 46, Градежен факултет – Скопје
  • м-р Татјана Васиљевиќ Владев, дипл. маш. инж., член на ТК 46, Техноинспект ДОО, Скопје
  • Блажен Зотовски, дипл. инж. арх., член на ТК 46, Кнауф ДООЕЛ, Скопје
  • д-р Алеш Југ, Vodja odseka za požarne raziskave in inovacije/Head of Fire Research and Innovation Section,  Регулативи, стандарди и пожарни предизвици кај Фотоволтаиците, експерт од Словенија
  • д.е.и Фросина Сејзова,Член ТК 46,Управител на компанијата EX изведба инжинеринг ДООЕЛ Скопје  
  • Красимир Красев,Safety and Security Systems Engineer at Siemens Building, Бугарија
  • м-р Зоран Јурак д.м.и, Преставник на КОИА,Изврешен директор на Јуринг ДОО Битола
  • Командант на Противпожарната бригада Автокоманда
  • Претставници од Министерството за транспорт
  • Орхидеја Шутарова, Технички секретар на ТК 46, Советник за поддршка на работата на технички комитети од областа на хоризонтални општи стандарди, ИСРСМ
  • Горан Плетварски, Раководител на одделение за поддршка на технички комитети од областа на општа стандардизација, ИСРСМ

Ве молиме потврдете го Вашето присуство најдоцна до 18 јуни 2025, на линкот за регистрација подолу во пораката.

За дополнителни информации можете да се обратите на тел: 02 3247 167.

РЕГИСТРАЦИЈА