Локација: Комора на ОАИ - Сала за конференции | Град: Скопје, Македонија
Комората заедно со одделението за градежништво Ве поканува на стручен семинар на тема „Грешки во мостови и конструкции“ каде предавач ќе биде инженер Божидар Миљовски.
На ова второ предавање од страна на инженер Миљовски, ќе бидат презентирани исто така 26 интересни случаи на грешки од регионот и САД. Во првиот дел ќе се покажат повеќе грешки од проектирање и изведување со нивен краток опис, додека во вториот дел ќе бидат дадени скици и слики за овие грешки.
Информации за настанот:
Дата и час: 16 март 2017, во 14 часот (предавањето ќе трае до 16 часот)
Место на настанот: Комора на овластени архитекти и овластени инженери на РМ
Број на слободни места: 80
Краен рок за пријавување: 15 март 2017 год. до 12 часот