Локација: Сала на Комора ОАИ
Комората на овластени архитекти и овластени инженери има чест и обврска да најави одржување на комеморативна седница во чест на нашиот драг и ценет колега, проф. д-р Миле Димитровски, истакнат професор, долгогодишен соработник и заслужен член на инженерската заедница.
Комеморативната седница ќе се одржи во просториите на Комората во:
понеделник, 19 мај 2025 година
со почеток во 14:00 часот
На седницата ќе се потсетиме на неговото богато животно дело, неговиот придонес во образованието, науката и професионалниот развој на генерации инженери и архитекти. Преку говори и спомени, ќе ја оддадеме заслужената почит кон личноста и делото на проф. д-р Димитровски.
Ги покануваме сите членови на Комората, колеги, пријатели и почитувачи да присуствуваат на оваа достојна прилика.