Локација: Стопанска комора на Северна Македонија
Ве покануваме на стручниот настан посветен на дигитализацијата во градежништвото и имплементацијата на Европските стандарди во националната пракса. Настанот ќе го претстави и работењето на Техничкиот комитет ИСРСМ ТК 45 – „Информациско моделирање на градби (BIM)“.
Овој настан е одлична можност за сите чинители во градежниот сектор да се информираат за најновите трендови, стандарди и практични примени на BIM технологијата, како и за тоа како таа го забрзува дигиталниот развој.
10:45 – 11:00 | Регистрација на учесници
11:00 – 11:10 | Воведни обраќања и отворање на настанот
Андреја Серафимовски – Претседател на Здружение за градежништво, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанска комора
Д-р Џеват Кицара – Директор на ИСРСМ
11:10 – 11:20 | Време е за стандарди - Учествувај и биди информиран
Маја Дојчиновска Колиќ – Технички секретар ТК 45, Институт за стандардизација на РСМ
11:20 – 11:40 | Дигитализација во градежништвото - БИМ технологија
Дијана Ликар – Претседател на ТК 45, ГИМ
11:40 – 11:50 | Активности на КОАИ во имплементација на БИМ
Ристо Малков – Член на ТК 45, КОАИ
11:50 – 12:00 | БИМ во студиските програми на Градежен факултет Скопје
Проф. д-р Сергеј Чурилов – Член на ТК 45, Градежен факултет
12:00 – 12:10 | БИМ - Зошто и како да се имплементира?
Димитар Гучев – Член на ТК 45, Град Скопје
12:10 – 12:20 | Презентација од Стопанска Комора
Никола Стрезовски – Член на ТК 45, Стопанска Комора
12:20 – 12:30 | Како BIM го забрзува следниот бран на напредни дигитални технологии
Трајче Стојанов – ЗВЕИ ДООЕЛ СКОПЈЕ
12:30 – 12:40 | Презентација од Intelligent Network Solutions – INS
Исидора Спирова – БИМ/ГИС експерт
Александар Јаневски – БИМ/ГИС експерт
12:40 – 12:50 | Успешна приказна - New vision / Molior (Видео)
Владимир Крстиќ – Член на ТК 45, Смарт Солутионс
12:50 – 13:05 | Дискусија и прашања