Локација: Сала на Комора ОАИ
Ве покануваме на стручна презентација во соработка со нашите долгогодишни соработници од компанијата МАПЕИ, посветена на современите пристапи во заштитата на објектите.
„Хидроизолација на подземни структури како проектантска стратегија“
Фокусот на оваа презентација ќе биде ставен врз изборот на соодветни системи за хидроизолација уште во фазата на проектирање, со цел да се обезбеди долготрајност и стабилност на подземните конструкции. Експертскиот тим на Мапеи ќе ги сподели своите искуства и технички решенија кои се применуваат при комплексни инженерски предизвици.
Датум: 19.05.2026 година (вторник)
Локација: Простории на Комора ОАИ
Презентер: Фади Саламат, МАПЕИ
Кој е Фади Саламат, МАПЕИ?
Инж. Фади Саламат завршува „Градежништво“ со специјализација „Градење на транспортни објекти“ на Универзитетот за архитектура, градежништво и геодезија (УАСГ). Во Мапеи Бугарија управува и ги развива производните линии „Хидроизолации“, „Обнова и заштита на армиран бетон“ и „Конструктивно зајакнување“.
Овој настан е одлична можност за сите инженери и архитекти да се запознаат со најновите материјали и технологии на пазарот, да разменат искуства со колегите и да добијат одговори на специфични прашања поврзани со проектирањето и изведбата на хидроизолациони системи.
Се надеваме на ваше присуство и на успешна дискусија.