Министерството за транспорт во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери ве известува дека во сабота на 13.06.2026 година, ќе се одржи стручен испит од областа на урбанистичкото планирање јунска испитна сесија за стекнување на овластување за изработување на урбанистички планови.
Испитните сесии за полагање на стручен испит од областа на урбанистичкото планирање се одржуваат по правило во последната недела од месеците февруари, јуни и октомври. (Соопштението на веб страната на Министерството за транспорт).
Кандидатот кој ги исполнува условите согласно законските и подзаконските акти од областа на урбанистичкото планирање поднесува Барање за полагање стручен испит од областа на урбанистичко планирање најдоцна до вторник, 26.05.2026 година.
Согласно Правилникот за начинот за спроведување на стручниот испит (Сл.Весник на РСМ Бр.219/22 и Упатството за работа на комисијата за полагање на стручен испит во електронска форма до Комората на овластени архитекти и овластени инженери бр.01-799/3 од 23.05.2023 година, на електронската адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Треба да се приложат следните документи:
- Барање – формулар, прилог 1 од Правилникот
- Диплома за завршено високо образование дипломиран инженер архитект или магистер инженер архитект, кој завршил VIIА степен на високо образование, односно II циклус на студии- Магистерски академски студии со кои се стекнал со 300 кредити според Европскиот кредит – трансфер систем (ЕКТС), согласно член 67 став (1) од Законот за урбанистичко планирање.
- Доказ дека го исполнува условот за работно искуство согласно член 67 ставовите (2), (3) и (4) од Законот за урбанистичко планирање, и согласно член 5 од Упатството за работа на комисијата за полагање на стручен испит.
- Доказ за соодветни професионални резултати во областа на урбанистичкото планирање од член 67 ставовите (2), (3) и (4) од Законот за урбанистичко планирање, стручен труд во кој учествувал и на кој кандидатот е потпишан во својство на соработник, учесник и изработувач, и согласно чл.6 и чл.12 од Упатството за работа на комисијата за полагање на стручен испит.
- Доказ за идентификација на кандидатот (копија од лична карта).
- Доказ за извршена уплата за надомест за трошоците за стручниот испит
Согласно член 14 став 1 од Правилникот за начинот за спроведување на стручниот испит, надоместот од апликантите за испитот изнесува 35% од просечната нето плата. Последно соопштение од Државниот завод за статистика е за просечната нето плата за месец февруари 2026 година изнесува 46.159 ден., што упатува дека стручниот испит чини 16.156 ден. (35% од 46.159 ден).
Уплатата од 16.156 денари се врши на следната сметка на Комората:
- Жиро сметка: 250 001 002 332 248
- Банка: Шпаркасе Банка
- Примач: Комора на овластени архитекти и овластени инженери
- Цел на дознака: за Стручен испит урбанистичко планирање
Материјалите за стручниот испит можете да ги преземете на следниот линк -> Испит урбанизам
- Правилник за начинот за спроведување на стручниот испит од областа на урбанистичкото планирање, програмата за полагање на испитот, висината на надоместокот за трошоците за испитот, како и надоместоците за членовите на испитната комисија, за програмата и испитните прашања и други аспекти на организацијата, содржината и формата на обрасците за испитот и на уверението за положен стручен испит (Сл.Весник на РСМ бр.219/2022);
- Упатство за работа на комисијата за полагање на стручен испит од областа на урбанистичко планирање;
- Прашања за стручниот испит од областа на урбанистичкото планирање;
- Програма за полагање на стручниот испит и тоа општ дел со прописи од области релевантни за урбанистичкото планирање (одредбите од прописите обележани со црвена боја се предмет на програмата за стручниот испит) и посебен дел со прописи од областа на урбанистичкото планирање;
- Општ дел
1. Устав РСМ
2. Закон за локална самоуправа - пречистен
3. Закон за градот Скопје - пречистен
4. Закон за сопственост и други стварни права - пречистен
5. Закон за животна средина - пречистен 2025
6. Закон за заштита на културното наследство - пречистен 2025
7. Закон за јавни патишта - пречистен 2025
8. Закон за земјоделско земјиште - пречистен 2025
9. Закон за водите - пречистен 2025
10. Закон за шумите - пречистен
11. Закон за градежно земјиште - пречистен мај 2026
12. Закон за експропријација - пречистен - Посебен дел
1. Закон за спроведување на ППлан на РМ
2. Закон за урбанистичко планирање - пречистен мај 2026
3. Закон за градење - пречистен мај 2026
4. Правилник за урбанистичко планирање - пречистен мај 2026
5. Правилник за стандарди и нормативи за проектирање
- Општ дел






