- Посети: 1032
Комеморација
На 5 јуни 2024 година со почеток во 12:00 часот во салата на Комора на овластени архитекти и овластени инженери се одржа свечена комеморација.
Во организација на Асоцијација на архитекти на Северна Македонија се оддаде почит на доајените Мимоза Несторова Томиќ, Благоја Колев, Трајко Димитров, Георги Константиновски, Радован Раѓеновиќ и Миодраг Митровиќ.







Во рамките на „Геотехнички денови 2024 на Комората“ во организација на Одделението за геотехника, на 16 мај 2024 година од 11 до 15 часот, во салата на Комората, се одржa стручно предавање на тема „Искуства и стратегии за справување со нестабилности кај косините и појавата на свлечишта“ oд проф. Вито Тагарели гостин од Политехничкиот Универзитет во Бари, Р. Италија.
78-то Генерално собрание на Европскиот совет на градежни инженери - ECCE (Europeаn Council of Civil Engineers) се одржa од 22 до 24 мај 2024 година, во прекрасниот град Рига, Латвија. На Генералното собрание присуствуваа претставници на сите земји членки на ЕССЕ. Комората на овластени архитекти и овластени инженери ја претставуваше раководителот на одделение на градежни инженери, проф. д-р Мери Цветковска. Поднесен беше извештај за работата, финансиски извештај и план за работа за идната година на ECCE. Најавен беше и изборот на нов Претседател и нов Извршен одбор на ЕССЕ кој ќе се спроведе во септември, на следното Генерално собрание.
Комората како членка на ИКОМОС Македонија ја споделува поканата за Завршната конференција на проектот „Мониторинг на православното културно наследство“ во организација на ИКОМОС Македонија и Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, на која ќе бидат презентирани постигнатите резултати од работата на нашите колеги од ИКОМОС Македонија и со која ќе се означи и крајот на овој проект.





