- Посети: 13718
Информација од настан: Работилница на тема Одржлив енергетски развој – структура, улоги и активности
Македонски и бугарски експерти ќе соработуваат и ќе разменуваат искуства од областа на енергетската ефикасност. Тоа го овозможува Меморандумот за соработка што го потпишаа Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија и Бугарската агенција за одржлив енергетски развој во рамки на работилница на тема „Одржлив енергетски развој – структура, улоги и активности“ што се одржа на 10 мај 2019 година во Скопје, во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери.







На 24 април 2019 година, на покана од Лимак Холдинг, претставници од одделнијата за архитектура и урбанистичко планирање при Комората ОАИ ја посетија изложбената презентација на мултифункционалниот деловно – резиденцијален комплекс „Дајмонд Скопје“ кој е во фаза на градба.
На 13 април 2019 година, во Софија, се одржа редовна средба на Инженерската иницијатива за регионална соработка. Како претставници на Комората ОАИ, на средбата присуствуваа Проф. Миле Димитровски и Проф. Петар Цветановски.
Во периодот од 8 до 11 април 2019 година, под покровителство на УНЕСКО и почесно покровителство на претседателот на Словенија Г-дин Борут Пахор, во Љубљана, се одржа World Construction Forum 2019. Темата на собирот беше „Градби и издржливост на инфраструктура“ (на англиски - Buildings and Infrastructure Resilience). 





