- Посети: 1437
Одржана презентација на Reynaers Aluminium
На 23 март 2023 година, во просториите на Комората се одржа презентација на компанијата Reynaers Aluminium. Пред присутните се обрати м-р Кристинка Радевски, претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери. Презентацијата на спроведе директорот на компанијата REYNAERS ALUMINIUM SRBIJA, господин Саша Сретеновиќ.







На 20 март 2023 година, Асоцијацијата на здруженија на инженери – Инженерска институција на Македонија, во фоајето на Националната опера и балет одбележа 103 години од формирањето на првото македонско здружение на инженери и архитекти. На настанот присуствуваше м-р Кристинка Радевски, претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери.
Новиот Меѓународниот конкурс за Расадник се отвора на 15 март 2023 година и во наредните четири месеци, ќе биде предизвик за сите оние кои ќе понудат иновативни решенија кои ќе обезбедат квалитетно, одржливо, хумано, здраво живеење и заштита на животната средина за жителите на Кисела Вода. Конкурсот се спроведува во соработка со Архитектонскиот Факултет Скопје, Комората на овластени архитекти и овластени инженери и Асоцијацијата на Архитекти на Македонија.
На 23 февруари 2022 година во просториите на Комората, се одржа стручно предавање на тема „Основни начела на монтирање и контрола на системите за сува градба“. Ова предавање е прво од серијата предавања кои ќе одржат во наредниот период како резултат на продлабочената соработка на Комората на овластени архитекти и овластени инженери и компанијата КНАУФ.





