- Посети: 18704
Одржан едодневен семинар: „Што уредуваат измените на Законот за градежни производи и нацрт националните стандарди?“
На 25 октомври 2018 година, во просториите на Комората се одржа еднодневен семинар на тема „Што уредуваат измените на Законот за градежни производи и нацрт националните стандарди?“. На семинарот се зборуваше за измените на Законот за градежни производи („Службен весник на РМ“, бр. 120/2018), кои се донесени со цел да се уредат условите за пуштање на пазар на градежните производи од нехармонизирано подрачје, да се уредат условите при увоз на градежните производи, а воедно и подобрување на терминологијата во Законот.







Во организација на Здружението Македонски комитет за големи брани (ЗМКГБ), во конфренциската сала на КОАОИ во Скопје, на 19 октомври 2018 година, се одржа Трибина на тема: 80 години од инженерството за брани во Р. Македонија. Поводот за одржувањето на научниот собир е одбележувањето на значајниот јубилеј: 80 години од изградбата на првата брана во Р. Македонија - лачната брана „Матка“, која беше изградена во 1938 година.
Работилница насловена „Имплементација на Еврокодовите на Балканот“ во организација на Заедничкиот истражувачки центар на Европската Комисија, се одржа на 10 и 11 октомври 2018 година во хотел Интернационал во Тирана, Албанија.
Согласно Акцискиот план за реформа на законодавството од областа на планирањето и градењето за работа на предлог измени на Законот за просторно и урбанистичко планирање, во рамки на иницијативата на Владата околу измена, дополна и усогласување на Законската регулатива која го регулира планирањето, развојот и контролата на изградбата на просторот формирана е РАБОТНА ГРУПА К0. Работната група К0 на 25.09.2018 година, во просториите на Комората ОАИ, одржа работен состанок, на кој се дискутираа предложените измени на Законот за просторно и урбанистичко планирање.
На 3 октомври 2018 година, во салата за конференции на Комората ОАИ, м-р Франц Јенко, дипл. ел. инж. од ETI Elektroelement, Словенија, одржа презентација на тема: „Пренапонска заштита во нисконапонските мрежи и заштита на фотоволтаични системи – Green Protect“. 





