На 06 јуни 2017 година на свеченост одржана во манастирскиот комплекс „Свети Наум“, претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов ги врачи инженерските прстени на десетте најдобро дипломирани инженери од десет факултети на петте најдобро рангирани универзитети во Република Македонија. Прстените ги доделуваат Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија според посебен правилник за Инженерски прстен.
Повеќе: Доделени “Инженерските прстени“ на десетте најдобри дипломци за 2017 година







На 20 мај 2017 година во Љубљана се одржа состанок на Инженерската иницијатива за регионална соработка каде делегација од Комората на овластени архитекти и овластени инженери присуствуваше на редовниот состанок во состав Проф. д-р Миле Димитровски, Проф. д-р Миле Станковски, Реџеп Асани, дипл.инж.арх и Д-р Гајур Кадриу.
На 19 мај 2017 година на факултетот за применети науки при Универзитетот во Тетово се одржа 3-тата Меѓународна конференција за применети науки на која присуствуваше претседателот на Комората со свое повикано предавање.





