- Посети: 1605
Известување за редовно работно време на Комората
Работното време на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Северна Македонија започнувајќи од 4 Септември 2023 година, секој работен ден ќе биде од 8:00 часот до 16:00 часот. Работа со странки од понеделник до четврток во период од 10:00 ч. до 16:00ч., а во петок од 10:00 часот до 14:00 часот.







Салонот на урбанизмот е традиционална манифестација која се одржува еднаш годишно во Ниш, Република Србија. Здружението на урбанисти на Србија прави осврт на најзначајните достигнувања од областа на просторното и урбанистичкото планирање, проектирање и реализација. Покрај учесниците на салонот од територијата на Република Србија, можат учествуваат архитекти и урбанисти од странство, вклучувајќи ја и Република Северна Македонија.
Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Северна Македонија, како институционален партнер на форумот SHARE ви пренесува дел од настаните кои се планирани во наредниот есенски период. SHARE е еден од најинтензивните ивенти во регионот, извор на свежи информации кој поддржува континуирана обука на професионалци и промоција на млади таленти, со што целосно се поклопува со статутарните определби на Комората. Акцентот на годинашнава агенда е ставен на SHARE Романија 2023 чијашто програма на настани вклучува спој на експертски дискусии, изложби и конференции за архитектура со поканети меѓународни говорници. Секој настан служи како катализатор за нови идеи, врски и соработки. Ќе се дискутира за одржливиот дизајн на фасадите и безбедноста од пожар, ќе биде претставена архитектонската изложба „Основи на иновации“ преку прикажување на водечките фирми во архитектурата и ќе има предавања од етаблирани гости од професијата.
Главната дејност на Комората на овластени архитекти и овластени инженери е штитењето на јавниот интерес и унапредување на архитектонската и инженерската професија преку континуирани процеси на едукација. Во таа насока раководството на институцијата во целост ја превзеде и оперативно ја подржа имплементацијата на „Еврокодовите“, Европските стандарди за проектирање градежни конструкции (Еврокодови) кои стапија на сила на 2 септември 2020 година во Република Северна Македонија и имаат паралелна примена со постојните правилници сѐ до 2 септември 2023 година.
(Роден: 26-11-1935 год. во Солун, починат: 24-06-2023 год.. во Скопје)





