- Посети: 690
Поканата за завршната конференција на проектот „Мониторинг на православното културно наследство“
Комората како членка на ИКОМОС Македонија ја споделува поканата за Завршната конференција на проектот „Мониторинг на православното културно наследство“ во организација на ИКОМОС Македонија и Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, на која ќе бидат презентирани постигнатите резултати од работата на нашите колеги од ИКОМОС Македонија и со која ќе се означи и крајот на овој проект.
Завршната конференција ќе се одржи на 30 мај 2024 год. (четврток) во Музејот на Македонската борба за самостојност, со почеток во 14:00 часот.
Преземете програма.







На 15ти и 16ти мај, во Љубљана се оддржа овогодинешниот BIG SEE настан, во чија програма беа повеќе изложби, дебати, презентации и конференции.
Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Северна Македонија, како институционален партнер на форумот SHARE го пренесе повикот за аплицирање за „SHARE Architecture Awards“. Истовремено Ве информира дека датумот за пријавување е пролонгиран до петок 31 Мај 2024 година.
BIG SEE



