На 18 и 19 април 2024 година во Брисел се одржа Годишното собрание на АСЕ Architects' Council of Europe, Европскиот Совет на Архитекти. Комората на овластени архитекти и овластени инженери е членка на оваа престижна европска организација од април 2023 година.
Повеќе: Одржано Годишното собрание на АСЕ Architects' Council of Europe







Во рамките на воспоставената соработка на канцеларијата на UNDP во РС Македонија, ви ги проследуваме актуелните повици:
Во рамки на проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“ (BMCPI) – Фаза 2, кој го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој (БРР), Заедницата на единици на локална самоуправа (ЗЕЛС), општините, како и Центрите за развој на планските региони, на 3 и 4 април 2024 година во Маврово, се одржа дводневна обука на тема „Антикорупција во урбанистичкото планирање и развој на инфраструктурата на локално ниво“.
Комората ја пренесува поканата за првиот Научен семинар за архитектурата и виното во организација на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Архитектонски факултет - Скопје и Земјоделски институт - Скопје. 



