На 30 септември 2022 година (петок), во просториите на Комората, се одржа стручно предавање на тема осветлување во концептот на паметен град. Собирот го поздравија Мицко Чадиноски - претставник на одделението на електроинженери при Комората, Воислав Радовиќ - регионален менаџер на Signify за централен Балкан и Наташа Димовска - генерален менаџер на компанијата Винт која е овластен дистрибутер на Philips Lighting за нашата земја.
Повеќе: Одржано предавање од Signify за осветлување во концептот на паметен град









На 12 септември 2022 година, во просториите на Комората се одржи стручно предавање за контрола и испитување на сообраќајна сигнализација и опрема. На собирот присуствуваа педесетина инженери и гости чија главна дејност е сообраќајно инженерство. Раководителот на одделението на сообраќајни инженери, Андон Петровски се обрати пред присутните и даде краток вовед во темата која беше презентирана.
Ве известуваме дека од петок 7 до недела 9 октомври 2022 година во кинотека Југословенска, на ул. Узун Миркова 1, во Белград ќе се одржи јубилејната традиционална Пета Интернационална манифестација и конгрес ОДРЖЛИВА АРХИТЕКТУРА - ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ (ОДРЖЛИВА АРХИТЕКТУРА - ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ – SAEE 2022). Манифестацијата ќе биде придружена со предавања, изложби, работилници, панели и други мултимедијални презентации. Конгресот овозможува оптимални услови за учество и промоција на вашиот бренд, услуги и производи. 





