- Посети: 2196
Промоција на книгата со изложба како дел од проектот „Архитектура на издиш/надув-ување 1“
Промоцијата на книгата со изложба како дел од проектот „Архитектура на издиш/надув-ување 1“ на архитектот Лазар Димов, соодветно на објавената покана, се одржа во холот на Филхармонијата на РСМ на 19 Ноември 2021 година (петок) со почеток во 20:00 часот.
На почетокот присутните имаа можност да се запознаат со дел од содржината на книгата преку изложените двострани панои. Начинот на кој што беа изложени двостраните панои, дозволуваше можност за поминување низ нив, со што флуидноста на просторот беше задржана во целост, а истовремено посетителите креираа сопствени уникатни траектории, и на еден современ начин беше избегната традиционалната изложбена концепција на движење на публиката во еден правец покрај ѕид.
Повеќе: Промоција на книгата со изложба како дел од проектот „Архитектура на издиш/надув-ување 1“







Почитувани членови на Комроата,
Почитувани членови на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, Ви ја проследуваме информацијата за бесплатен вебинар за ArchiCAD од GRAPHISOFT.
На 19 ноември 2021 година, преку видео конференциска врска се одржа 21 Генерално собрание на Европскиот Совет на Инженерски комори (ЕCEC – European Council of Еngineers Chambers). Комората на овластени архитекти и овластени инженери како постојана членка, во овој изборен процес номинираше свои кандидати за позициите Претседател, Потпретседател и Ревизор во управните органи на оваа престижна европска инженерска организација.
Промоцијата на добитниците на награди од Меѓународниот архитектонски конкурс „New Spatial Reality of Cities Post-Covid 19“ се одржа на 17 ноември 2021 година, он-лајн преку Zoom платформата.





