По неизвршениот избор на Потпретседател на Комората на седница на Собранието на Комората на овластени архитекти и овластени инженери од 15.6.2021 година, а согласно одлуката од собраниската седница број 02-543/13 од 15.06.2021 година, распишан е нов повик за избор на Потпретседател на Комората, со рок за доставување кандидатури до 25 ноември 2021 година.
Повеќе: Повик за кандидатури за Потпретседател на Комората ОАИ







На 19 октомври во хотелот Хилтон во Скопје се одржа 4-тото издание на Меѓународниот Архитектонски и Инженерски форум SHARE.
Во рамките на проектот Справување со загадувањето на воздухот во Скопје, канцеларијата на UNDP објавува Повик за градежни работи за редовно одржување и вклучување на мерки за енергетска ефикасност на 22 домаќинства во општина Аеродром:
Во организација на Здружението Македонски комитет за големи брани (ЗМКГБ) се одржува 5-ти Конгрес за брани. Работниот дел на Конгресот е предвиден да трае во периодот 30.9-1.10.2021 година во хотел Дрим, Струга, додека на 2.10.2021 (Сабота) е предвидена стручна посета на камена брана со асфатна дијафрагма со придружни објекти - во фаза на градба.





