Во склоп на македонската недела на инженерството на 18 октомври 2017, Комората заедно со LATTANZIO Advisory го организираа настанот „Признавањето на инженерските професионални квалификации во Европската Унија и меѓународниот аспект на инженерската дејност, согласно Европската директива за професионални квалификации“, кој се одржа во хотел Мериот.
Предавачи на настанот беа еминентни домашни и меѓународни предавачи за семинарот – меѓудругите - Генералниот секретар на Европската федерација на инженерски асоцијации (FEANI) Dirk Bochar од Брисел; Потпретседателот на Европската Асоцијација на инженерски Комори (ECEC) Hansјорg Letzner од Италија; Претседателот на Бугарската Комора на архитекти Борислав Игнатов; Рената Гомбоц, претставник од Словенечката инженерска комора.
Повеќе: Признавањето на инженерските професионални квалификации во Европската Унија







Во Пула, Хрватска во периодот од 4-8 октомври 2017 се одржаа по 10-ти пат Денови на овластените електро инженери на Хрватска (ХКИЕ).
Во организација на Здружението Македонски комитет за големи брани (ЗМКГБ), во Струга, во периодот од 28 до 30 септември 2017 година, се одржа четвртиот конгрес за брани. За конгресот беа доставени 46 реферати, од кои 41 беа прифатени од Редакцискиот одбор да бидат отпечатени во Зборникот, а 34 беа избрани за говорна презентација на седум пленарни сесии. Меѓународниот редакциски одбор беше составен од еминентни професори во областа на хидротехниката, од Македонија, Словачка, Австрија, Романија, Словенија, Србија, Грција и Бугарија. Рефератите беа на македонски јазик (27) и на англиски јазик (14), а беа подготвени од автори од Македонија (28), Србија (6), Германија (1), Швајцарија (1), Словенија (1), Бугарија (1), Црна Гора (1), Хрватска (1) и од Косово (1).
Во Виена на 05.10.2017 се одржа Третиот инженерски ден организиран од ECEC, FEANI иECEC со тема перспективите на инженерската струка. На соборот свои излагања имаа преседателите на трите организации, а се одржа и тркалезна маса со дискусија на која учествуваше и преседателот на КОАИ, проф. д-р Миле Димитровски. Дел од заклучоците од настанот и фотографии можат да се најдат на сајтот на ЕЦЕЦ, ФЕАНИ и ЕЦЦЕ. Покрај учеството на трибината направени беа и финални разговори со претседателот на ЕЦЕЦ, м-р Чртомир Ремец за последни подготовки на агендата за 14 Генералното собрание на Европскиот Совет на Инженерски Комори кое ќе се одржи во Скопје на 20 и 21 Октомври 2017 година.





