- Посети: 1814
Доделена наградата „Проф. д-р Илија Черепналковски“ за 2023 на Сања Србовска, дипл. маш. инж.
Присутните на свеченоста Ден на Комората кој се одржа на 22 декември 2023 година имаа можност да го проследат свеченото доделување на четирите годишни награди кои се доделуваат по 10ти јубиларен пат во знак на благодарност и почит за творештвото на своите членови - архитекти и инженери.
Оваа 2023 година на големо задоволство на организацијата престижната награда „Проф. д-р Илија Черепналковски“ трет пат по ред, од воспоставувањето на наградата во 2014 година, ја понесе машински инженер - жена. Вредно е да се напомене дека и покрај големите достигнувања на жените во градежната индустрија во последните 100 години, тие сепак претставуваат само околу 13% од инженерските професионалци.







Комората доделува 4 награди на архитекти и инженери за време на свеченоста „Ден на Комората“ на годишно ниво. Наградите се доделуваат за оддавање на благодарност и почит за творештвото на своите членови – архитекти и инженери. Директната цел со овој вид на признанија е поттикнување на јавната афирмација на трајните вредности, промоција на општествената улога на професијата и валоризирање на достигнувањата. Четирите годишни награди се доделуваат на членови на Комората од најбројните одделенија т.е архитектура и урбанизам, градежништво, електротехника и машинство. Наградата од областа на електротехника е насловена по еден од најистакнатите дејци во областа, а тоа е професорот Проф. д-р Станимир Јовановски, докторанд на Електротехничкиот факултет во Загреб и некогашниот шеф на катедрата за електромашини.
Денот на Комората се одржа на 22 Декември 2023 година каде што по десетти јубиларен пат беа доделени четири награди од струките Архитектура и Урбанизам, Градежништво, Електротехника и Машинство.
Во рамките на свеченоста Ден на Комората која се одржа на 22 Декември 2023 година во салата на Комората по 10 јубиларен пат беа доделени 4 награди од струките Архитектура и Урбанизам, Градежништво, Електротехника и Машинство.






