- Посети: 2194
Обуки за Еврокодови во Скопје, Битола и Штип
Имплементацијата на „Еврокодовите“ - Европските стандарди за проектирање градежни конструкции кои стапија на сила на 2 септември 2020 година и имаат паралелна примена (со последна измена на Правилникот за стандарди и нормативи за проектирање од август 2023 ) до 2 септември 2024 година, со препознатлив успех се остварува преку активностите на Комората.







Оваа година, Инженерската Комора на Србија прослави јубилеј 20 години од своето постоење и работа. По повод прославата на овој значаен јубилеј, што се одржа во средината на месец јуни во Белград - Република Србија, на покана на раководството на Инженерската Комора на Србија, како претставници на Комората на овластени архитекти и овластени инженери присуствуваа Претседателката Кристинка Чулак и Потпретседателот Дејан Метикош. Во насока на зацврстување и одржување на континуитет на отпочнатата соработка на коморите од регионот, а во рамки на Инженерската Иницијатива за Регионална Соработка (ИИРС), присуството на настанот на Инженерската Комора на Србија беше искористено да се разменат искуства во работењето на двете комори.
Во организација на Асоцијацијата на архитекти на Македонија од 14 до 29 септември 2023 година ќе се одржи Биеналето на македонската архитектура - БИМАС 2023.
Почитувани колеги,
Врз база на спроведената анкета и вашиот интерес за спроведување на обуки за примена на Еврокодовите, подготвен е распоред за месеците септември и октомври, за трите модули, односно за проектирање на бетонски к-ции во високоградбата, челични к-ции во високоградбата и геотехнички к-ции, за секој регион поодделно. Обуките за проектирање на бетонски и челични мостови ќе бидат најавени дополнително. Доколку за одредена обука бројот на пријавени е поголем од планираниот (20 до 25 слушатели), ќе биде формирана и дополнителна група. Минималниот број на слушатели за кој би се формирала група во одреден регион изнесува 10. Поради малиот интерес на колегите од Тетовскиот регион, обуките се пренасочени во Скопје.





