На 23 Мај 2024 година во просториите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери се одржа првиот информативниот настан кој имаше цел да ги идентификува сите заинтересирани страни за основање на Совет за зелена градба на Република Северна Македонија, како дел од мрежата на национални Совети за зелена градба во регионот на Западен Балкан. На настанот има повеќе од 70 присутни од градежната индустрија, компании кои инвестираат во градежниот сектор, градежни компании, компании за градежни материјали и енергетско-ефикасна опрема за ладење и греење, проектни студија, агенции за недвижности, образовни институции, невладини организации и поединци подготвени да воведат промени на пазарот кон практиките за зелено градење.
Настанот го отвори претседателката на Комората, м-р Кристинка Чулак, а свои обраќања имаа регионалната менаџерка на HELVETAS г-ѓа Емилија Јованова, д-р Ристо Иванов како проектен менаџер и Игор Панчевски како координатор на иницијативата за Македонија.
Повеќе: Одржан првиот информативен настан за основање на Совет за зелена градба







78-то Генерално собрание на Европскиот совет на градежни инженери - ECCE (Europeаn Council of Civil Engineers) се одржa од 22 до 24 мај 2024 година, во прекрасниот град Рига, Латвија. На Генералното собрание присуствуваа претставници на сите земји членки на ЕССЕ. Комората на овластени архитекти и овластени инженери ја претставуваше раководителот на одделение на градежни инженери, проф. д-р Мери Цветковска. Поднесен беше извештај за работата, финансиски извештај и план за работа за идната година на ECCE. Најавен беше и изборот на нов Претседател и нов Извршен одбор на ЕССЕ кој ќе се спроведе во септември, на следното Генерално собрание.
Комората како членка на ИКОМОС Македонија ја споделува поканата за Завршната конференција на проектот „Мониторинг на православното културно наследство“ во организација на ИКОМОС Македонија и Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, на која ќе бидат презентирани постигнатите резултати од работата на нашите колеги од ИКОМОС Македонија и со која ќе се означи и крајот на овој проект.
На 15ти и 16ти мај, во Љубљана се оддржа овогодинешниот BIG SEE настан, во чија програма беа повеќе изложби, дебати, презентации и конференции.




