- Посети: 250
34 Салон на урбанизам во Зрењанин
Салонот на урбанизмот е традиционална манифестација која се одржува еднаш годишно во Република Србија. Здружението на урбанисти на Србија прави осврт на најзначајните достигнувања од областа на просторното и урбанистичкото планирање, проектирање и реализација. Покрај учесниците на салонот од територијата на Република Србија, можат учествуваат архитекти и урбанисти од странство, вклучувајќи ја и Република Македонија.
Овогодинешниот Салон, 34 по ред, ќе се одржи од 7 до 12 Ноември во Културниот центар во Зрењанин.