- Посети: 4021
Свечено доделување на Инженерски прстен 2024 година

На 11 јули 2024 година (четврток) со почеток во 18:00 часот се одржа доделувањето на високото признанието „Инженерски прстен“ за најдобрите дипломирани студенти во 2024 година од инженерските факултите во нашата држава. Манифестацијата оваа година се одбележува по 21 пат и традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата РСМ, а во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери и на Инженерската институција на Македонија.







Друштвото за геотехника на Македонија (ДГМ) во периодот 25-29.6.2024 ја организираше 28-та Европска конференција за млади геотехнички инженери (EYGEC 2024). Настанот се одржа во пријатниот амбиент на винаријата Попова Кула во Демир Капија. На истиот земаа учество 47 млади геотехнички инженери од 24 земји од Европа и пошироко.
Комората како институционален партнер на SHARE Architects ја пренесува информацијата за потесниот избор од 71 дело што ќе се натпреваруваат за наградите од Централна и Југоисточна Европа за 2024 година.



