Локација: Офицерскиот дом Битола
Во рамките на Втората Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти 2023, на 2 декември 2023 година со почеток во 13 часот, во Големата сала во Офицерски Дом Битола, ќе се одржи презентација на Тарифникот за урбанистичко планирање и Ценовник за висината на минималниот надомест на инженерски услуги на овластените архитекти и овластените инженери од областа на високоградбата.
Во изминатиот период од неполна година, очекувано беше да се појават прашања, дилеми и различни толкувања во начинот на кој треба да се пресметува инженерската услуга во урбанистичкото планирање и областа виоскоградба.
Го очекуваме Вашето присуство.