Комората ја пренесува информацијата за Денови на Архитектурата 2023 кои ќе се одржат од 17-19 Ноември 2023 во Музичката дворана во Подгорица, Црна Гора.
Во организација на Комората на архитекти од Црна Гора во ноември ќе се одржат вторите Денови на архитектурата со официјална тема: REUSE.
Коорганизатори и партнери на настанот се Архитектонскиот факултет во Подгорица, Асоцијацијата на архитекти, Италијанската агенција за надворешна трговија ICE/ITA, главниот град Подгорица и Министерството за екологија, просторно планирање и урбанизам.
„Повторната употреба“ е термин кој широко се користи во секој сектор на општеството. Неодговорното депонирање на отпадот во која било форма е штетно за здравјето и животната средина. Градежниот отпад и отпадот од рушење сочинува приближно 25%–30% од вкупниот отпад создаден во Европската Унија.
Повеќе: Настан во најава: Денови на Архитектура 2023, Подгорица, Црна Гора







Во рамките на „Геотехнички денови на Комората“ во организација на Одделението за геотехника, на 12 октомври 2023 година од 12 до 16 часот, во салата на Комората, се одржa еднодневна обука/стручно предавање на тема "Геосинтетички зајакнувања на почви (армирана земја) во транспортната инфраструктура". На почетокот се обрати Претседателката на Комората М-р Кристинка Чулак која ги поздрави присутните и им посака успешна работа, по неа и проф. д-р Јосиф Јосифовски кој даде краток вовед за изборот на темата и значењетo на геосинтетиците во геотехничното инженерство, по што започна официјалниот дел на обуката.
Евалуацијата на изложените архитектонски трудови на двете Биеналиња на македонска архитектура доби свечена завршница на 29 септември во 19:30 часот во Музејот на современата уметност, со доделување на најпрестижните награди од областа на архитектурата во Република Северна Македонија. За волуменот на наградите зборува и самиот состав на жири комисиите, кои беа составени од еминентните архитекти, каде меѓу останатите беа и професорите Д-р Зорица Блажевска, Д-р Мартин Гулевски и Претседателката на Комората М-р Кристинка Чулак. Тие имаа една комплексна задача, да од мноштвото исклучителни трудови, преку процесот на селекција и наградување директно да ја покажат насоката во која треба да се движи современата македонска архитектура.
Во деновите 28 и 29 Септември се одржа - 20 Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија. Овој исклучителен настан беше поддржан од Комората на овластени архитекти и овластени инженери во својство на коорганизатор. На тој начин Комората ја остварува основната статутарна определба – грижа за континуиран професионален развој на своите членови, преку воспоставување и развивање на соработка со професионални организации и здруженија.
Комората продолжува со голем интензитет на одржување на обуки за Еврокодови и во месец октомври 2023 година.





