– Во Македонија и во сите држави од овој простор има се поголем недостиг од инженерски кадар, а особено од добар професонален кадар со овластувања. Тоа прашање Комората на овластени архитекти и инженери не може да го решава сама, туку тоа треба да се прави заедно со донесувачите на одлуките во државата, министерствата, стратегиските центри за развој… Нашето чувство е дека во Македонија во иднина ќе остануваат се помалку инженери, вели Миле Димитровски, претседател на Комората на овластени архитекти и инженери во интервју за МИА.
Повеќе: Интервју за МИА: Во Македонија ќе остануваат се помалку инженери







На 6 декември 2018 година, во просториите на Комората се одржа информативна средба со Професори и студенти од Архитектонскиот факултет, при Државниот универзитет во Тетово.
Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, денес, ја промовираа монографијата „15 години Инженерски прстен“. Со промоција на монографијата, во Македонската академија на науките и уметностите, се одбележаа 15 години од првото доделување на Инженерскиот прстен, кој досега го добиле 150 најдобри студенти – инженери.
На 17 Ноември во Загреб, Република Хрватска се одржа 16 Генерално собрание на Европскиот Совет на Инженерски комори (ЕCEC – European Council of Еngineers Chambers), со седиште во Брисел.





