- Посети: 1644
Доделена Наградата „ Проф. д-р Станимир Јовановски “ за 2023 година на Кирил Кујунџиев дипл. ел. инж.
Комората доделува 4 награди на архитекти и инженери за време на свеченоста „Ден на Комората“ на годишно ниво. Наградите се доделуваат за оддавање на благодарност и почит за творештвото на своите членови – архитекти и инженери. Директната цел со овој вид на признанија е поттикнување на јавната афирмација на трајните вредности, промоција на општествената улога на професијата и валоризирање на достигнувањата. Четирите годишни награди се доделуваат на членови на Комората од најбројните одделенија т.е архитектура и урбанизам, градежништво, електротехника и машинство. Наградата од областа на електротехника е насловена по еден од најистакнатите дејци во областа, а тоа е професорот Проф. д-р Станимир Јовановски, докторанд на Електротехничкиот факултет во Загреб и некогашниот шеф на катедрата за електромашини.