- Посети: 1561
Одржана презентација Belimo Day 2024 „Мали уреди, големо влијание. Обезбедена енергетска ефикасност“
На 26 Април 2024 година во салата на Комората се одржа презентација на тема - Belimo Day 2024 „Мали уреди, големо влијание. Обезбедена енергетска ефикасност“.
Презентацијата е во организација на компанијата BELIMO Automation Handelsgesellschaft mbH од Виена, Австрија, а предавач беше Горан Андреев, регионален претставник на BELIMO.
Групацијата Belimo е лидер на глобалниот пазар во развој, производство и продажба на контролни уреди за енергетски ефикасна контрола на системите за греење, вентилација и климатизација. Фокусот на компанијата се дампер актуатори, регулациони вентили, сензори и уреди за мерење. Основана во 1975 година, компанијата вработува приближно 2.300 лица во преку 80 земји и присутна е на швајцарската берза (SIX) уште од 1995 година.
Belimo како водечка фирма во светот за енергетска ефикасност и декарбонизација на одржаната презентација ги претстави новостите за 2024 година.