- Посети: 486
Конференција DRBF за Централна и Источна Европа
На 13-14 март 2025 година во Скопје ќе се одржи Конференција DRBF за Централна и Источна Европа. На конференцијата ќе се анализираат практични упатства за корисниците и практичарите од Комисиите за решавање на спорови кај FIDIC договори.
Првиот ден (13 март) се состои од предавања со примери на случаи од пракса, проследени со интерактивна дискусија.
Вториот ден (14 март) според агендата предвидени се дуел-дебати каде ќе учествуваат почетници и експерти од Одборот за спорови.
За повеќе информации и регистрација на следниот линк.







Комората како членка во Светската федерација на инженерски организации (World Federation of Engineering Organizations - WFEO) ја пренесува информацијата за Светскиот ден на инженерството.
На 21 Февруари 2025 со почеток од 11:00 часот во просториите на Советот на Општина Кичево се одржа Регионална средба на овластени архитекти и овластени инженери, првата од овој тип на активностит на Комората, зацртани во календарот за 2025 година.
На третата средба на Архитекти и Архитекти Урбанисти, одржана во Битола на крајот на 2024 година, специјален гостин беше Кристоф Најдовски – Французин со битолски корени и актуелен заменик-градоначалник на Париз. Тој сподели инспиративна приказна за тоа како Градот на светлината, за само две децении, успеа да го преполови бројот на автомобили и да се трансформира во одржлив, зелен и хуман град, исполнет со паркови, чист воздух и урбана хармонија.
Комората ја пренесува информацијата за онлајн настан за обука развиен од истражувачкиот тим ETHER со финансиска поддршка на проектот Engineers 4 Europe (E4E). Целта на овој курс е да им се помогне на инженерите да ги развијат своите професионални компетенции и да се овозможи соработка со инженерски едукатори, претставници од сектори за човечки ресурси во градежната индустрија, инженерски здруженија, федерации и сл.



