Локација: Хотел Сириус Струмица | Град: Струмица, Македонија
На 4 февруари 2023 година (сабота), во Хотел Сириус, Струмица со почеток во 10.30 часот, ќе се одржи Прва регионална струкова средба на градежни инженери.
На оваа регионална средба, ќе бидат присутни и делегатите од Собранието на Комората од одделението на градежни инженери.
Агендата за состанокот е следна:
10.30-11.00 часот – регистрација
11.00-12.00 часот – прв работен дел (тема: Општо за проблемите на инженерите од регионот)
12.00-12.30 часот – кафе пауза
12.30-14.00 часот – втор работен дел (тема: Еврокодови)
14.00-15.30 часот – ручек
15.30-17.00 часот - Трет дел на работен состанок со инженерите од регионот (Тема: Ценовник за инженерски услуги)
17.00-19.30 часот – Слободно време за дискусии
За да присуствувате на средбата потребно е да се регистрирате најдоцна до 01.02.2023 година.