Локација: Плаошник, Охрид
Комората на овластени архитекти и овластени инженери, во соработка со Инженерската институција на Македонија, има огромна чест да го најави свеченото доделување на престижното признание „Инженерски прстен“ на најдобрите дипломирани инженери за 2026 година.
Овој значаен настан ќе се одржи на 4 септември 2026 година, со почеток во 11:00 часот, на историскиот локалитет Плаошник во Охрид. Свеченоста се организира под покровителство на Претседателката на Република Северна Македонија.
„Инженерскиот прстен“ претставува традиционално признание со кое се оддава почит на знаењето, професионалноста и постигнувањата на најуспешните млади инженери. Воедно, преку овој настан се истакнува и суштинското значење на инженерската професија за севкупниот развој на општеството.
Ќе ни претставува особена чест и задоволство доколку со Вашето присуство го збогатите овој настан посветен на иднината на македонското инженерство – најдобрите млади инженери.
Информации за присуство: Ги замолуваме сите заинтересирани членови, соработници и гости кои сакаат да присуствуваат на свеченоста, да го потврдат своето присуство најдоцна до 28 август 2026 година, со испраќање порака на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..