Локација: Стопанска комора на Македонија, Скопје
Со особено задоволство ве покануваме на Националната конференција „Еврокодови 2.0“, која ќе го означи официјалниот почеток на националниот процес за имплементација на втората генерација на Еврокодовите во Република Македонија.
Термин: Петок, 25.09.2026 година
Локација: Стопанска комора на Македонија, Скопје
Овој настан од стратешко значење е заедничка иницијатива на Градежен факултет – Скопје, Институтот за стандардизација, Комората на овластени архитекти и овластени инженери и Стопанската комора на Македонија, а се одржува под покровителство на Министерството за транспорт.
На конференцијата ќе биде презентиран деталниот Патоказ 2027–2030 за транзиција кон новите европски стандарди, кои се клучни за заштита од климатски промени и природни ризици.
Централен настан ќе биде свеченото усвојување и потпишување на „Декларацијата за имплементација на втората генерација на Еврокодовите“.
Имплементацијата на Еврокодовите е инвестиција во побезбедни конструкции, поотпорна инфраструктура и конкурентна инженерска професија.
Ве очекуваме!