Локација: НУ Центар за култура Битола
Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија има задоволство да ве информира дека на 14 и 15 јуни 2024 година во просториите на НУ Центар за култура во Битола, во организација на Одделението за електроинженери ќе се одржат Вторите Денови на Електроинженерите на РС Македонија.
Забележете го датумот во вашите календари, наскоро ќе биде објавена агендата и ќе се отвори форма за регистрација.