Локација: Сала на Комора ОАИ
Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ) ќе го одбележи Денот на Комората со свечен настан и доделување на годишните именувани награди за 2025 година, кој ќе се одржи во петок, 19 декември 2025 година, во Салата на Комора ОАИ.
Настанот претставува можност за средба и вмрежување на чинителите од професионалната заедница, како и за јавно препознавање на професионалните достигнувања во градежништвото во земјава и пошироко. Во рамки на свеченоста ќе бидат доделени именуваните награди како поттик и афирмација на трајните вредности и придонесот на архитектите и инженерите во текот на годината што изминува.
Од 2013 година Комората традиционално доделуваше четири именувани награди, а од оваа година се воведува и петта именувана награда, со цел да се опфатат и одделенијата со помал број членови.
„Проф. Борис Чипан, дипл.инж.арх.“ – награда за Архитектура
„Проф. д-р Александар – Цане Ангелов, дипл.град.инж.“ – награда за Градежништво
„Проф. д-р Илија Черепналковски, дипл.маш.инж.“ – награда за Машинство
„Проф. д-р Станимир Јовановски, дипл.ел.инж.“ – награда за Електротехника
„Проф. д-р Миле Димитровски, дипл.маш.инж.“ – награда за одделенијата со помал број членови
Датум: 19 декември 2025 година
Време: 16:30 – 19:30 часот
Локација: Сала на Комора ОАИ
16:30 – 17:00 Прием на гости
17:00 – 17:15 Отворање на настанот и поздравни говори
Заменик министер за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири
Претседател на Комора ОАИ, Дејан Метикош
17:15 – 18:30 Доделување на именуваните награди на Комората за 2025 година
18:30 – 19:30 Коктел и вмрежување