На 22 септември 2017, Битола и Техничкиот факултет во Битола беа домаќини на семинарот со тема „Проектирање на еко - хотели“. Овој семинар се одржа во организација на Комората и одделението за животна средина, на барање група архитекти и инженери од битолскиот регион. Предавањето го отвори раководителот на одделението проф. д-р Христина Спасевска, а потоа во една одлична атмосфера продолжи м-р Славјанка Пејчиновска Андонова.
Повеќе: Битола домаќин на предавањето „Проектирање на еко-хотели“







На 19.09.2017 година во просториите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери се одржа „Работилница за реформа на групата закони кои го уредуваат планирањето, развојот и контролата на изградбата на просторот“ во организација на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам во координација со Владата на Република Македонија и Министерството за транспорт и врски.
На ден 15.09.2017 година во Комората се одржа предавањето на тема „Вредност на инженерските услуги“ кое го одржа Дарко Јукич од Хрватската комора на градежните инженери. На предавањето присуствуваа околу 60 инженери од различни струки чиј интерес беше на високо ниво, што се покажа со дискусијата по завршеното предавање.





