Комората ја споделува најновата информација од Светската федерација на инженерски организации, прославувајќи го прогласувањето на победничките на наградата „WFEO GREE Women in Engineering“ за 2024 година. Оваа престижна награда, доделена во партнерство со Gree Electric Appliances, им оддава почит на жените инженери кои дале извонреден придонес во инженерството и ја демонстрира посветеноста за унапредување на родовата еднаквост.






Комората на овластени архитекти и овластени инженери, традиционално од 2013 година, доделува четири годишни награди како израз на благодарност и почит за достигнувањата на своите членови. Наградите носат имиња по истакнатите стручњаци: проф. Борис Чипан, инженер архитект; проф. д-р Александар - Цане Ангелов, градежен инженер; проф. д-р Илија Черепналковски, машински инженер; и проф. д-р Станимир Јовановски, електро инженер.
Комората ја пренесува информацијата од Европскиот совет на градежни инженери - ECCE (Europeаn Council of Civil Engineers), во врска со вебинарот кој ќе се одржи на 19 Ноември 2024 година со почеток во 16:00 часот на тема: „Виртуелен дизајн, нови технологии, безбедност и здравје при работа во градежната индустрија – искуства од дански проект“.







